ФОТО: Вооружен маж држел заложници во Брисел
Вооружен маж околу 19 часот заробил околу 15 цивили во супермаркет во предградието Шума во Брисел, јавуваат локалните медиуми.

Очевидци виделе дека човекот носел нож со себе.
Според првичните информации, ситуацијата ексалирала откако тој неуспешно се обидел да го ограбат објектот. На местото веќе пристигнала специјална единица на федералната полиција, а хеликоптери го надлетуваат местото. На граѓаните им е соопштено да не излегуваат.
По преговори со полицијата, тој е уапсен, пишуваат медиумите.
Не се знае дали има повредени.


Слично
