(ФОТО) ВО СУДАН НЕ БИЛО ПОСТРАШНО, УБИЕНИ И РАБОТНИЦИ НА ОН: Се води крвава војна на улиците на Картум, има над 100 убиени
Трет ден беснеат крвави
судир во Судан. Ниту армијата ниту паравоените сили на генералот Мохамед Дагл
не успеваат да постигнат победа и покрај борбите во кои загинаа повеќе од 100
луѓе, вклучително и тројца хуманитарни работници на ОН. Двете страни вчера
објавија дека го прифаќаат барањето на ОН за тричасовна „хуманитарна пауза“ за
да се овозможи евакуација на повредените, но засега не се знае како точно се
придржувале до договорениот прекин на огнот, пишува Би-би-си.
Лекарите предупредија дека ситуацијата во болниците во Картум е исклучително тешка и дека поради конфликтот медицинските работници тешко доаѓаат до ранетите. Според лекарскиот синдикат, досега загинале речиси 100 луѓе, а над 1.000 се повредени.
Сателитска снимка достапна од Maxar Technologies покажува пожари кои горат во близина на болница во Картум, на 16 април 2023 година. Силни пукотници и експлозии беа пријавени во главниот град на Судан ден претходно, на 15 април помеѓу армијата и паравоената група по неколкудневните тензии околу предложената транзиција на земјата кон цивилно владеење.

Светската програма за храна на ОН (WFP) ја суспендираше помошта за Судан откако тројца нејзини работници беа убиени во борбите во Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика одговорните „да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“.
Конфликтот тлее со недели и спречува какво било политичко решение во таа земја, една од најсиромашните во светот. По народниот бунт што го собори Омар ал Башир во 2019 година, Судан се обидува да ги организира првите слободни избори по 30 години диктатура.
Во државниот удар што стави крај на демократската транзиција во октомври 2021 година, генералот Бурхан и генералот Дагло, познат како Хемедти, ги здружија силите за да ги соборат цивилите од власт. Меѓутоа, во саботата нивното ривалство се претвори во отворен конфликт.

Судирите избувнаа како резултат на очигледна борба за моќ меѓу двете главни фракции на суданскиот воен режим. Вооружените сили на Судан во голема мера се лојални на генералот Абдулфатах ал-Бурхан, де факто владетелот на земјата, додека паравоените единици на Силите за брза поддршка (РСФ), всушност паравоена формација, го следат поранешниот воен командант генерал Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти.
Борбата за моќ има свои корени во годините пред востанието во 2019 година што го собори диктаторот Омар ал-Башир, кој изгради моќни безбедносни сили и намерно ги сврте еден против друг.
ФОТО: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES
