(ФОТО) ВО ОВОЈ ГРАД ЖИТЕЛИТЕ СЕ МОЛАТ ДА НЕ ВРНЕ ДОЖД: Секоја капка може да им нанесе опекотини на кожата
Облак со токсичен плин се издигнал над најголемиот бразилски град Сантош по хемиската експлозија во скалдиште на една компанија, а градоначалникот ги предупредил граѓаните да не излегуваат без заштитно одело за да не дојде до опекотини на кожата на жителите.
Сопствениците на компанијата изјавиле дека контејнерите биле полни со киселина и средства за дезинфекција, кои според нивната проценка дошле во допир со дожд и така настанала хемиската реакција.
Терминалот за претовар на стока и најблиските куќи се евакуирани, а жителите се повикани да останат во своите домови, пренесува БиБиСи.
Неколку луѓе веќе побарале лекарска помош поради тешкотии со дишењето.
Терминалот го управува логистичката компанија „Локалифро“, која е сместена во Гуаруј, област во источниот дел на Сантош.
Потпаролот на компанијата која извезува хемикалии за ладење и различни видови на стока изјавил дека во контејнерите се наоѓа солна киселина и средство за чистење и дезинфекција.
Пожарникарите изјавиле дека дождот навлегол во контејнерите и се случила хемиска реакција.
Градоначалникот Марио Антониета де Брито ги повикал жителите да не излегуваат на дождот бидејќи би можело да се „содржат хемиски елементи кои можат да предизвикаат опекотини на кожата“.



