Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО-ВИДЕО18+) ХАОС ВО БУРКИНА ФАСО: Исламисти нападнаа хотели, има жртви и повредени, ослобедени 126 заложници!

(ФОТО-ВИДЕО18+) ХАОС ВО БУРКИНА ФАСО: Исламисти нападнаа хотели, има жртви и повредени, ослобедени 126 заложници!

Најмалку 20 лица загинале, а 33 се повредени во нападот на екстремисти во ресторан и хотел во престолнината Буркина Фасо, каде заложничката драма траеше повеќе од 12 саати. Заложнчката драма во хотелот Спелендид во Уагадугу започнала во саботата, а ослободени се повеќе од 126 заложници.

Помеѓу ослободените бил и министерот за труд на Буркина Фасо, изјавил министерот за комуникации Ремис Данџиноу.

Не е позната бројката на уште колку лице се наоѓаат во хотелот, пренесува Ројтерс.

терор 1

Одговорноста за нападот ја првзела Ал Каеда во исламскиот Магреб повикувајќи дека тоа е „одмазда над Франција и неверување на Западот“, изјавила групата за надзор „СИТЕ“ со седиште во САД.

Во ресторанот кој се наоѓа преку патот на хотелот, истотака, се слушале пукотници помеѓу припадниците на безбедносните сили на Буркина Фасо и џихадистите околу 6:40 по локално време, изјавил новинар на АФП.

терор 2

Судирите покажуваат на тоа дека напаѓачите се поврзани со Ал Каеда и се поделиле на две групи во еден момент, првата извршила напад врз хотелот Сплендид, а другата во ресторанот Капучино.

Директорот на болницата во Уагадугу, Роберт Сангар изјавил дека најмалку дваесет лица загинале, но и дека нема прецизен број на загинатите луѓе.

терор 3

Тој број може да се зголеми веднаш по тоа што пожарникарите пронашле десет тела на терасата од ресторанот, која се наоѓа преку патот од хотелот, изјавил за АФП министерот за внатрешни работи на Буркина Фасо, Симона Компаоре додавајќи дека не се знае колку напаѓачи се сѐуште во хотелот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EmesXHnpPv4[/embed]
Слично

Поврзани вести