ФОТО+ВИДЕО:Земјотрес во Еквадор „однесе“ 77 жртви
Околу 77 луѓе загинаа утрово во 3 часот во Еквадор, во силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на 27 километри југоисточно од Муиснеа, слабо населено подрачје. Урнати се куќи, мостови, а еден трговски центар е поделен на два дела. Информации за жртви доаѓаат од градовите Манта, Порто Виехо и Гвајакил лоцирани на неколку километри од местото каде бил земјотресот.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба во земјата. Земјотресот бил на длабочина од околу 20 километри и се почувствувал во целата држава, но и во Перу.
Властите апелираа до граѓаните да се евакуираат од крајбрежните подрачја, стравувајќи дека може да биде предизвикана голема плима.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/reprPM0wwno[/embed]
Слично


