Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Воз излета од шини во Шпанија – има мртви и повредени

ФОТО+ВИДЕО: Воз излета од шини во Шпанија – има мртви и повредени

Четири лица загинаа, а 47 се повредени, кога воз излета од шини во северна Шпанија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на локалните медиуми.

eeee

Весникот „Ла Вос де Галиција" истакнува дека инцидентот се случил на станица во северозападниот ентитет Галиција. Причината за несреќата засега не е утврдена.

lll

Возот патувал од Виго, Галиција, за Порто, во соседна Португалија, наведува Асошиејтед прес. Несреќата се случила на околу 450 километри северозападно од главниот град Мадрид.

Во возот имало околу 60 патници. Машиновозачот и возот се португалски, соопштија во меѓувреме од компанијата која управува со шпанските железници.

80 лица загинаа во 2013 година при најтешката железничка несреќа во историјата на Шпанија, забележуваат агенциите. Тогаш брз воз излезе од шините и се удри во ѕид во близина на Сантјаго де Компостела, исто во Галиција.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/qiqM86EE5Q8[/embed]
Слично

Поврзани вести