Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ВОЈНА ПРОТИВ ЏИХАДИСТИ: Заврши полициската акција во Белгија, двајца убиени

(ФОТО+ВИДЕО) ВОЈНА ПРОТИВ ЏИХАДИСТИ: Заврши полициската акција во Белгија, двајца убиени
Белгиските безбедносни служби рано утринава ја завршија обемната антитерористичка акција во која двајца осомничени се ликвидирани, а поголем број лица се уапсени, соопшти рано утрово министерот за надворешни работи, Диди Рејндерс. „Операциите на терен се завршени и сега во тек е собирање информации“, истакнал министерот за француската телевизита „иТеле“. Полицијата во Белгија доцна синоќа спроведе низа рации во западното предградие на Брисел, Ајндховен, и во градчето Вервиеу, во близина на границата со Германија со цел да растури група џихадисти кои подготвувале терористички напади. Двајца од осомничените се убиени во размена на оган со полицијата во Вервиеу, а едно лице е рането. belgija2 Белгиските власти претходно соопштија дека терористите подготвувале терористички напади слични на оние кои џихадисти минатата недела ги изведоа во Париз, но дека оваа терористичка група не била поврзана со француските екстремисти. Се смета дека неколку стотици белгиски државјани со арапски потекло војуваат на страната на терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, а некои по враќањето назад имале план џихадот да го пренесат и на територијата на Белгија. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=tXBdnKF0YAM[/embed]
Слично

Поврзани вести