(ФОТО-ВИДЕО ВО ЖИВО) ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА ЗАГЛАВЕНИ ВО ПЕШТЕРА ВО ТАЈЛАНД ВИСИ НА КОНЕЦ: Што јаделе и пиеле 10 д ена?
Цел свет со радост ја дочека веста дека 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер се најдени живи во пештерата на Тајланд, а сега како главен предизвик се поставува прашањето како да ја извлечат групата од пештерата која многумина ја нарекуваат лавиринт.
Постојат стравови дека условите се премногу опасни за да се транспортираат децата, па војската праќа храна која може да трае четири месеци, до крајот на монсунската сезона.
Спасувачите засега сметаат дека попаметно е да се сочека нивото на водата да се спушти како би се создале услови за безбедно спасување на групата момчиња.
Што јаделе и пиеле?
Уште едно прашање за кое доста се зборува е што јаделе и пиеле децата 10 дена.
Се претпосставува дека не јаделе ништо, односно дека имале само малку храна која можеле да ја понесат со себе во пештерата.
Еден спасувач изјавил дека состојбата на момчињата е „многу слаба“ а тие повеќе пати им рекле на британските нуркачи кои ги нашле дека се гладни.
Едно од момчињата на својот пријател на тајландски јазик постојано му кажувал : „Погрижете се да знаат дека сме гладни“.
Што се однесува до пиењето вода, веројатно пиеле вода која се филтрира низ карпите или дури дожделива.
Во текот на целата акција на спасување и потрага, претставниците изразиле загриженост дека децата пијат загадена вода, а приоритет е добивање чиста вода или системи за филтрација за момчињата.

