ФОТО+ВИДЕО: Верници натепаа џихадист откако не успеа да ги разнесе
Џихадист на возраст од 18 години сакал да разнесе група верници на миса во градот Медан во северна Суматра, но појасот не експлодирал.
Тој влегол во католичка црква со самоубиствен појас, но кога сакал да го активира експлозивот, детонаторот изгорел без да го активира полнењето. Потоа тинејџерот од ранецот извадил секира и го нападнал свештеникот. Но, ни тоа не му успеало, свештеникот се извлекол со полесна повреда на раката.
„Глумеше верник, така влезе во црквата. Експлозивот имаше детонатор сличен на петарда, но за среќа само тој изгоре“- вели локалниот шеф на полицијата Нур Фалах.
Џихадистот во себе имал парче хартија на која биле рачно нацртани симболите на „Исламска држава“.
Локална телевизија објави снимка на која се гледа како верниците го тепаат џихадистот.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/JYNFLxjX38I[/embed]
