ФОТО+ВИДЕО: Уапсени тројцата снајперисти од Далас, еден е мртов
Тројцата снајперисти кои во Далас, Тексас убија пет и ранија шест американски полицајци во текот на протестот против полициската бруталност по најновите два случаи на убиства на црнци, се уапсени, а четвртиот е мртов.
Телевизијата NBC News, повикувајќи се на извор во полициските сили, го наведува идентитетот на еден од снајперистите како 25-годишниот Мик Ксевер Џонсон, кој загинал во престрелката со полицијата.
Весникот Los Angeles Times објави дека тој живеел во областа на Далас, немал криминално досие и не бил поврзан со ниедна терористичка група.
Началникот на полицијата на Далас, Дејвид Браун изјави дека во долгите преговори со него додека бил во опсада, немало резултат. Поради тоа, тој е убиен со робот со бомба.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/gCH3VwTCHK8[/embed]Во полицајците пукал од омраза, поради случаите на полициски убиства на Афроамериканци.
Вкупно во нападот се ранети дванаесет полицајци и двајца цивили, изјави градоначалникот на Далас, Мајк Равлингс.
Засега сé уште не е утврден мотивот за нападот во текот на мирниот протест, еден од многуте кои се одржуваат ширум САД последните ве годни.
Пукањето започнало во 21 часот синоќа во центарот на Далас, каде што има многу ресторани, хотели и владини згради.
Полицајците утрово го прегледуваа центарот на Далас, за да откријат евентуално поставени експлозивни направи.



