ФОТО+ВИДЕО: Уапсени три осомничени терористки во Франција
Во акцијата во Буси-Сент-Антоан, крај Париз се приведени три жени, од кои едната била застрелана при апсењето.
Една жена беше повредена за време на антитерористичката операција во Франција, пренесоа светските агенции. Таа се бара во истрагата за автомобилот со боци гас, најден кај париската катедрала Нотр дам. Жената е застрелана при апсењето од агенти на француското внатрешно разузнавање.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/OnlineMagazin/status/773982504692903936[/embed]Трите приведени се на возраст од 39, 23 и 19 години. Тие биле „радикализирани фанатички" и се подготвувале за нови насилства, кои требало да се извршат во блиско време, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев.
Истрагата треба да открие зошто автомобил со вклучени трепкачи и без регистарски таблички бил паркиран во туристичкиот дел на Париз, на неколку стотици метри од катедралата Нотр дам.



