Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Турските пратеници маваа со тупаници и шишиња

ФОТО+ВИДЕО:Турските пратеници маваа со тупаници и шишиња

Во турскиот парламент вчера  изби тепачка меѓу пратениците на владејачката партија и опозицијата.

200769E2-2BA5-44CA-84A3-FD4EE8B4E3C8_w308_h173

Тие разменија удари и се гаѓаа со шишиња со вода по жестоката расправа околу промената на уставот. Одборот за уставни прашања заседаваше вчера околу предлогот на владата да им се укине имунитетот на пратениците, откако седницата минатата недела прерасна во тепачка.

Портпаролот на владата Нуман Куртулмус ги осуди насилните сцени од парламентот.

„Никој не треба да се надева дека со вакво однесување ќе ја натера владата да се откаже од своите планови. Што и да се случи, предлогот за укинување на имунитетот на пратениците ќе биде поставен во парламентот“- вели тој.

Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја обвини прокурдската Демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија (ПКК).

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/svBMUAhUeHY[/embed]
Слично

Поврзани вести