ФОТО+ВИДЕО: СТРАОТНИ ПОПЛАВИ: Над 1.5 милиони Индијци останаа без покрив над глава
Пет бетонски згради се урнаа, однесени се 466 дрвени градби и 2774 колиби.
Поплави во источно индиската држава Бихар однесоа над 210 жртви, а околу 1.5 милиони жители останаа без дом и имот. Иако нивото на реките започнало да се намалува, ситуацијата уште е нестабилна, а постојано стигнуваат информации за нови жртви и зголемување на штетите од поплавите, соопштија индиските власти. Од надојдените води се погодени 2210 села во 12 окрузи на Бихар, а во изминатите три недели штета претрпеле над 4,1 милиони луѓе.
Спасувачите евакуираа со чамци близу 740 000 луѓе, од кои 395 000 се сместени во 652 центари. Големите поплави во провинцијата Бихар се предизвикани од водите на шест големи реки, вклучувајќи ја Ганг, но и обилните монсунски дождови.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/2CfQloNjBSc[/embed]


