Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Стотици илјади Французи на протести

ФОТО+ВИДЕО:Стотици илјади Французи на протести

При судирите се повредени најмалку 24 полицајци, а десетици автомобили се опожарени.

download

Тешки судири имаше денеска меѓу полицајци и активисти кои протестираа против реформите на трудовото право во Франција. Околу 500 000 луѓе протестираа низ целата земја. Полицијата ги растеруваше демонстрантите, користејќи солзавец и чадни бомби, а тие возвраќаа со камења, петарди и молотови коктели. При судирите се повредени најмалку 24 полицајци, од кои тројца потешко.

France Protests

Најмасовни и жестоки беа протестите и судирите во Париз, Марсеј, Нант, Лион и Тулуз. Само во Марсеј, вториот по големина француски град, беа уапсени 57 лица. Властите во француската престолнина мораа да употребат хеликоптери за да ја стават под контрола ситуацијата.  Луксузен автомобил Порше паркиран во близина на демонстрациите во Нант беше опожарен, а истото се случи и со многу други скапи автомобили во Франција.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/QJBxZpjqWVQ[/embed]
Слично

Поврзани вести