(ФОТО+ВИДЕО) Сент Луис: Полицијата повторно уби Афроамериканец
Полицијата во едно предградие во Сент Луис уби 18 годишен Афроамериканец на една бензиска пумпа недалеку од местото каде изминатото лето полициски службеник го уби тинејџерот Мајкл Браун, соопштуваат полицијата и локалните медиуми.
„Полицаецот го застрелал момчето бидејќи вперило пиштол во него“, соопштил портпаролот на полицијата во Сент Луис, пренесува „Ројтерс“.
Жртвата е идентификувана како Антонио Мартин, јавуваат локалните медиуми.
Веднаш по инцидентот поголема група граѓани се собрала на местото на убиството, а официјални претставници до сега не се огласиле.
Мартин, како што изјавила неговата мајка, бил со девојката за време на немилиот инцидент.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=UqDkm2Usdsg[/embed]

Слично