ФОТО+ВИДЕО:Сена се прелеа и поплави делови на Париз
Реката Сена ги поплави крајбрежните области во француската престолнина Париз.
Постои опасност таа да се прелее и во други градови. Нивото на водата се зголеми за 4.3 метри, а патиштата околу Ајфеловата кула се затворени. Локалните власти предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, ако се во близина на водата. Многу туристи останаа блокирани околу Париз. Спасувачките служби извршиле повеќе од 8 000 спасувачки операции близу границата со Белгија. Се очекуваа оваа состојба да потрае до петок.
Невообичаено обилните дождови во цела Франција во последните денови доведоа до одложување на натпреварите од Отвореното првенство во тенис на Франција „Ролан Гарос" и евакуација на два затвори.
За утре е најавен црвен метео аларм за дел од Централна и Северна Франција поради поројни врнежи и опасност од поплави.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/benmafoi/status/738008113748529152[/embed]
