ФОТО+ВИДЕО: Се урна мост во Индија, автобуси паднаа во река
Повеќе од 22 лица исчезнаа кога мост на автопатот меѓу Мумбаи и Гоа во западна Индија се урна во надојдената река.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/timesofindia/status/760721161982320640[/embed]Несреќата се случила во близина на летувалиште. Властите соопштија дека два автобуси полни со патници паднале во реката која надошла поради монсунските дождови. На местото на несреќата има 80 спасувачи, но засега не се пронајдени возилата, ниту евентуално преживеаните патници, соопшти полицијата.
„Автобусите не ги воочивме на подрачје од еден километар од мостот. Поради силните струи, можно е водата да ги однела подалеку“ – вели припадник на спасувачките служби.
Преку реката Савитри водат два моста, а се урнал постариот, изграден во време на британските колонијални сили, пренесуваат локалните медиуми.
Во март годинава се урна надвозник во градот Калкута, при што загинаа 20 луѓе, а стотина беа сериозно повредени.


