Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО-ВИДЕО) ПУТИН И ОБАМА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Еве за што разговарале пола час

(ФОТО-ВИДЕО) ПУТИН И ОБАМА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: Еве за што разговарале пола час

Претседателот на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, разговарале денеска пола час зад затворени врати на маргините на самитот за климатските промени во Париз за сириската криза, ситуацијата во Украина и за соборениот руски борбен авион.

Веднаш по состанокот се огласи Кремељ во соопштение дека Обама изразил жалење поради инцидентот кога турската воздухопловна сила го собори рускиот авион „Су-24“.

Како што е соопштено, лидерите на Русија и САД  разговарале и за Украина и се сложиле за неопходноста да се постигне договор од Минск.

putin obama 2

Обама му кажал на Путин дека сирискиот претседател Башар Асад мора да си оди од власта за подобрување на политичките состојба во Сирија, изјавил функционер на Белата куќа.

Претседателот на САД се заложил за дипломатско решавање на украинската криза, додавајќи дека санкциите против Русија може да бидат повлечени кога Москва ќе го исполни договорот од Минск.

putin obama 1

Кремљ и порано објави дека Путин најверојатно ќе се сретне со американскиот колега на маргините на самитот за климатските промени, но дека со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган нема да има средба.

Путин е еден од вкупно 147 светски лидери на државите и владите кои учествуваат во двонеделната конференција на Обединетите нации, која започна во Париз.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/6n02YWv0L88[/embed]  
Слично

Поврзани вести