Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО-ВИДЕО) Поплави во Сибир! Илјадници евакуирани, шест мртви

(ФОТО-ВИДЕО) Поплави во Сибир! Илјадници евакуирани, шест мртви

Вонредна состојба е прогласена во голем број региони погодени од поплави на југот од Сибир,  по што повеќе од 10.000 лица се евакуирани а шест лица загинале.

Вонредна состојба е прогласена во областите кои се најмногу погодени од поплавите, соопштуваат денеска надлежните. Речиси 4.000 куќи се поплавени, а повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Во второто соопштение на истото министерство, се наведува дека во поплавите животот го изгубиле шест лица, објави агенцијата „Интерфакс“. - Организирани се 40 привремени приватни центри. Засега во камповите за иселеници се сместени повеќе од 1.500 лица, вклучувајќи 530 деца - се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Итар-тас. Најтешко погодена од поплавите е Алтајската република, каде се наоѓаат најмногу поплавени куќи. Во надоаѓањето на водата се оштетени и 12 делници на автопатот, како и шест мостови, наведуваат руските власти. Нивото на водата во поплавените делови на градот Бијска  во Алтајската република достигна дури 6,48 метри. Нивото на реките значајно се зголеми од обилните врнежи, кои паѓаат од 29 мај.

Поплавите ги уништија мостовите во неколку населени области. Во борба со поплавите во сибирските региони учествуваат околу 2.000 луѓе и повеќе од 630 опремени екипи, вклучувајќи девет авиони и  десетина бродови.

Русија секоја пролет ја погодуваат поплави. Во 2012 година во поплавите во градот Крим загинаа 172 лица, потсетува АФП.

Слично

Поврзани вести