ФОТО+ВИДЕО:Поплавени Франција и Германија, има и жртви
Најмалку пет луѓе се удавија во поплавите во Франција, Германија и Австрија.
Поплавите му се закануваат и на главниот град на Франција, Париз каде поради високото ниво на реката Сена одредени шеталишта се затворени. Централна Франција се соочува со најголемите поплави кои се случиле во земјата во последниот век. Илјадници луѓе се евакуирани во Франција, кога реките Сена и Лоанг се излија од коритото. Реката Лоанг го достигнала највисокото ниво во последните 100 години. Метеоролозите велат дека овој месец мај е најдождливиот во Централна Франција од 1880 година па наваму.
Во Германија, најкритично е во Баварија каде настрадале четири жени, а најмалку две лица се водат како исчезнати. Неколку илјади куќи во овој дел на Германија се без снабдување со електрична енергија.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/-QnxYrGd9Ps[/embed]
Слично


