(ФОТО+ВИДЕО) ПАНИКА ВО ВАШИНГТОН: Евакуирана метро станица, едно лице мртво
Најмалку едно лице го загуби животот, а десетина се повредени откако почнал да излегува густ чад во една метро станица во Вашингтон, поради што биле евакуирани стотици патници од подземната железница Ланфан Плаза, соопштија денеска официјални претставници.
Инцидентот се случил за време на попладневниот шпиц, по што станицата била целосно евакуирана и затворена за сообраќај.
„Се уште не е утврдено која е причината што го предизвикала густиот чад. Станицата е евакуирана и затворена“, се наведува во соопштението на метрото.
Портпаролот на пожарната служба, Каролин Лорин, потврдила дека во несреќата настрадало едно лице, но не сакала да изнесе повеќе детали додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.
Според зборовите на портпаролот на Вашингтонската болница, Медстар Со Јанг Пак, 18 лица се префрлени во три болници, главно поради втишување на густ чад, од кои 11 веќе се пуштени дома откако им била укажана помош.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=J9ygOqBA-mk[/embed]

Слично