(ВИДЕО) Островот кој се појави на југот од Токио се`уште расте!
Островот кој изненадно се појави во ноември минатата година, околу илјада километри јужно од Токио, продолжува да расте, што може да се види на снимките кои неделава ги направија јапонските власти.
Островот, кој во првите денови беше долг околу 400 и широк 200 метри, во меѓувреме се спои со ненаселениот остров Нишиношима, во состав на архипелагот Огасавара.
Така споениот остров сега има 1.550 метри од исток кон запад и 1.350 метри од север кон југ со тенденција да се шири и понатаму, наведува претставник на пограничната служба, пренесеува државната телевизија НХК.
На снимките кои датираат од пред два дена можат да се три кратери, од кои два редовно исфрлаат лава што укажува на интензивна вукланска активност.Облакот од прашина достигнува 2000 метри во висина, што е три пати повеќе од минатиот месец, а падот на оддалеченост од неколку стотина метри од кратерот.
Од крајот на војната на Пацификот, во водите околу Јапонија, во земјата на земјотреси и вулкани, изненадно се појавија четири или пет острови, од кои еден исчезна после два месеци, и еден во 1973 година.
