ФОТО+ВИДЕО:Огромен пожар во бегалски камп во Германија
Вкупно 25 луѓе се примени во болница, откако огромен пожар пламна во центар за имигранти во западниот германски град, Дизелдорф.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/qeskO3mgxpY[/embed]Портпаролот на противпожарната служба соопшти дека околу 70 пожарникари се вклучиле во гаснењето на пожарот, кој избувнал на територијата на градскиот конгресен центар.
Во центарот на сместување живеат 282 бегалци. 24 од нив се лекуваат од задушување со чад, а еден вработен од пожарната се пожалил на силна исцрпеност. Полицијата ја испитува причината за појава на пожарот. Полициските податоци покажуваат речиси 300 напади и други злосторства против германските засолништа за бегалците имало од почетокот на 2016 година.
Слично


