Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО:Над 20 загинати во самоубиствен напад во Кабул

ФОТО+ВИДЕО:Над 20 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Повеќе од 20 лица загинаа во самоубиствен напад денеска околу 7.25 часот, во центарот на Кабул, во  Авганистан.

CgYg2LSUUAEVj8m

Самоубиствениот напад бил извршен со автомобил-бомба во близина на седиштето на Националната управа за безбедност, Министерството за одбрана и Амбасадата на САД. Претседателската палата е на неколку стотина метри од местото на експлозијата. Најмалку 15 вработени од Националната управа за безбедност се меѓу убиените, јави ДПА. Авганистанското Министерство за здравство соопшти за речиси 161 ранети. Одговорноста за нападот ја презедоа Tалибанците, кои неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/NxXM7jiemmo[/embed]
Слично

Поврзани вести