ФОТО+ВИДЕО: На Флорида за време на ЛГБТ забава убиени педесет луѓе
Нападот денеска се случи во клубот Пулс во Орландо на Флорида, при што педесет луѓе се убиени и исто толку се повредени.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/pLgPZaszeRw[/embed]Напаѓачот, пред да биде убиен од полицијата, еден час држел во заложништво десетици од гостите на забава на ЛГБТ заедницата во Орландо.
Нападот го извршил Омар Матеен(29) од Порт Сент Луси на Флорида, оддалечено повеќе од 100 милји од местото на масакрот. Неговото семејство е од Авганистан, а за Матеен се верува дека е роден во Америка.
Полицијата информира дека се работи за терористички напад и дека напаѓачот бил добро организиран и подготвен. Тој бил наоружан со пушка и пиштол. Според СНН, денешниот напад е најголем домашен терор во историјата на САД, со најголем број на жртви, по пукањето во Вирџинија Тех во 2007 година и Сенди Хук во основното училиште во 2012 година, каде 32 луѓе беа убиени, а 27 ранети.
Не е познат мотивот за нападот на Флорида, кој иницираше засилени безбедносни мерки и е подигната борбената готовност.


