Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Маж во банка во Москва се заканува дека ќе активира бомба

ФОТО+ВИДЕО: Маж во банка во Москва се заканува дека ќе активира бомба

Маж на возраст меѓу 55 и 60 години држи заложници во банка во Москва и се заканува дека ќе активира бомба.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/VECLjjsjWUc[/embed]

Мажот се претпоставува како претприемач од Подмосковјето, кој произведува медицински предмети. Тој вели дека неодамна банкротирал и сака да се создаде „институција за банкротирани поединци”. Напаѓачот досега ослободи три жени, а се верува дека во банката останале тројца вработени и еден посетител.

1111111111111

Од банката информираа  дека работат со полицијата за решавање во најкус можен рок на инцидентот.

Во нападнатата филијала на банката влегол преговарач. На местото на инцидентот пристигнале полицајци, специјална единица на Министерството за внатрешни работи и претставници на Федералната служба за безбедност, како и деминери од Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачот уверува дека неговите акции не се насочени против банката и сам побарал да преговара со полицијата. Банкарски службеници, кои успеале да ја напуштат зградата, велат дека мажот цел ден седел на клупата во близина на банката и се интересирал кој е гувернер на оваа филијала.

Пристапот до банката е блокиран.

Слично

Поврзани вести