ФОТО+ВИДЕО:Масовна тепачка на мигранти во камп во Париз
Метро станицата „Сталинград" е затворена и околу неа се наоѓаат екипи на службите за безбедност.
Масовна тепачка настана меѓу стотици имигранти во импровизиран бегалски камп до метро станица „Сталинград" во Париз, во неделата вечер, при што имаше и повредени. Станицата е затворена и околу неа се наоѓаат екипи на службите за безбедност. Стотици имигранти се тепаа едни со други, користејќи метални прачки и дрвени штици. Конфликтот избил околу 21 часот по локално време, а полицијата уапси само еден човек, кој бил пијан.
Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев најави укинување на кампот на 30 март, но оттогаш луѓето продолжуваат да се враќаат со импровизирани душеци на местото. Евакуацијата на бегалците започна повторно вчера и околу 500 од нив веќе се преселени во засолништа за итно сместување.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/7U1gzTJuqrk[/embed]