(ФОТО-ВИДЕО) КРВНИКОТ ОД МЕНХЕТЕН ОСТАВИЛ ПОРАКА: Откриени неговите ужасни планови
Осомничениот за нападот на Менхетен во „пик апот“ со кој влетал и удрил велосипедисти на патеката во близина на некогашната локација на Светскиот трговски центар, оставил порака која потврдува дека ја поддржувал Исламска држава, јавија американските медиуми, додека Дејли меил пишува дека во возилото е најдено знаме со таа терористичка организација.

Според пишувања на Њујрок Тајмс, покрај возилото се пронајдени „со рака напишани пораки на арпаски“ кои укажуваат дека бил следбеник на ИСИС.
Си-Ен-Ен наведува дека тие пораки, меѓутоа, се напишани на англсики и дека се пронајдени во самото возило.

Истовремено, Дејли меил пишува дека е пронајдено знаме на Исламска држава.
Осомничениот за нападот на Менхетен во кој загинаа осум луѓе е од Узбекистан и се вика Сајфуло Саипов, наведуваат извори блиски до истрагата, пренесоа американските медиуми.
