ФОТО+ВИДЕО:Крвави првомајски демонстрации во Истанбул, има и мртви
Полицијата користеше солзавци и водени топови за да ги разбие демонстрантите.
Еден човек загина во протестите на плоштадот Таксим. Наил Мавус (57) загина при обидот да стигне до главниот плоштад, кога во него удри возило со воден топ. Тој итно е пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите. Неколку стотини демонстранти се судрија со полицијата при обид да дојдат до Таксим.
Властите и синдикалните организации се договорија собири да се одржат во населбата Бакиркој, близу аеродромот. Полицијата приведуваше демонстранти.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/HaberturkTV/status/726661241079394304[/embed]
Слично


