ФОТО+ВИДЕО: Хаос во Венецуела – спречен обид за државен удар
Обид за државен удар е спречен во Венецуела.
Венецуелската опозиција објави дека собрала околу 1 милион луѓе на историски протест во главниот град Каракас вчера, со барање за распишување референдум за отстранување на претседателот, Николас Мадурo.
Го опишаа митингот како најголем во Венецуела во последните децении, иако властите го спречија пристапот до Каракас.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/OfficialJoelF/status/771552924937793536[/embed]Учесниците на митингот, од кои многумина беа облечени во бело, исполнија три булевари во источниот дел на венецуелската престолнина.
Мадуро рече дека опозицијата собрала само 25 000 до 30 000 луѓе.
Венецуелскиот претседател објави дека властите спречиле обид за државен удар.
Мадуро појасни дека пред два дена во северен Каракас, на половина километар од претседателската палата, бил откриен камп со 92 вооружени платеници од соседна Колумбија.
Тој ја обвини Коалицијата на демократското единство дека подготвува државен удар со поддршка на САД.
Рејтингот на претседателот падна под 25 проценти, откако падот на цените на нафтата и разнишаната планирана економија доведоа до хаос во земјата-членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

