ФОТО+ВИДЕО:Eвакуиран цел град во Канада поради пожар
Огромен шумски пожар доведе до присилна евакуација на 60.000 луѓе од градот Форт Макмери, во Канада.
Пожарот веќе уништи голем број домови, на улиците има пепел во овој град во провинцијата Алберт. Пожарот започнал на 1 мај југозападно од градот и опфаќа површина од 2650 хектари. Вчера огнот брзо се приближил кон градот, разгоруван од ветрот. Локалните медиуми јавуваат за уништени куќи, хаос, метеж на патиштата и паника меѓу жителите.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/RT_com/status/727663881162731521[/embed]„Ако излезеш да се прошеташ надвор, ќе почувствуваш како пепелта едноставно паѓа врз тебе. Ја гледаш како се носи низ воздухот. Можам да земам метла или четка за да ја отстранам од покривот“ - вели локалниот жител Марк Дурочар.
Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот, а локалните власти повикаа на засилувања, вклучувајќи и хеликоптер. Засега нема податоци за настрадани луѓе.


