Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Бегалски камп во Касел во пламен, има и повредени

ФОТО+ВИДЕО: Бегалски камп во Касел во пламен, има и повредени

Повеќе од десет луѓе се повредени во пожарот кој денеска избувна во центар за мигранти на стариот аеродром Касел-Калден во Германија.

2

5

Гореле повеќе од 20 контејнери за мигранти, а причината за пожарот засега не е позната.

Весникот „Билд“ објави дека на лице место се голем број пожарникари и припадници на полицијата.

3

Очевидци раскажуваат дека над кампот за мигранти има голем облак од чад.

Повеќето повредени, меѓу кои и еден полицаец, се однесени во болница поради вдишување чад. Во кампот живеат околу 800 луѓе, а во делот во кој се појавил пожарот живеат околу 120 мигранти.

Истрагата е во тек, а можност за подметнат пожар е исклучена.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/33Arfzu0zJw[/embed]
Слично

Поврзани вести