ФОТО+ВИДЕО: АМЕРИКА ГОРИ: Протести откако полицаец уби Афроамериканец
Убиството на 23-годишен Афроамериканец од полицијата во американскиот град Милвоки синоќа иницираше протест.
Името на убиеното момче не е соопштено. За време на протестот беше ранет најмалку еден полицаец. Стотина учесници на протестот почнаа да палат автомобили, кршеа прозорци на возила и фрлаа со камења кон полицајците. Градоначалникот Том Барет кажал дека по неколку часа во северниот дел на градот тензиите се смириле.
Инцидентот се случил вчера при проверка на автомобил. Дваесет и четиригодишен полицаец го запрел автомобилот и од него излегле двајца патници, кои почнале да бегаат.
Едниот од нив бил 23-годишен Афроамериканец, кој бил вооружен и тој бил убиен од полицаецот. Подоцна е утврдено дека оружјето убиениот го украл во март.
Полицаецот, кој го убил 23-годишното момче, времено е разрешен.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/tOm5AMTtPtQ[/embed]

