(ФОТО) Весникот Шарли Ебдо се потсмева на падот на рускиот авион
Францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо објави карикатури за падот на рускиот авион ербас А321 во кој загинаа 224 лица.
На првата карикатура се насликани патниците од авионот и неговите остатоци кои летаат во главите на терористите. Легендата под неа вели: „Руската авијација го засили бомбардирањето“
Втората карикатура е череп меѓу остатоците од авионот и телата на патниците со коментар за опасноста на летањето со руските компании со евтини летови.
Членот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Игор Морозов, оваа постапка ја оцени потсмев на жртвите од несреќата.
„Тоа е богохулење и потсмевање со споменот за оние што станаа жртви на несреќата. Тоа не може да им се дозволи на некои медиуми и весници без оглед на формата или жанрот во кој се специјализирани“, истакна рускиот сенатор.
Инаку, во почетокот на 2015 година маскирани напаѓачи убија 12 лица во напад врз редакцијата на весникот „Шарли ебдо“ во Париз.

