ФОТО:Велигден се слави во светот
Христијаните ширум светот се собраа во храмовите, за да го прослават Христовото раѓање-Велигден.
Христијаните во Русија ги наполнија црквите. Рускиот претседател, Владимир Путин и премиерот, Дмитриј Медведев се приклучија на литургијата во катедралата во Москва. Неколку илјади московјани исто така, присуствуваа на церемонијата, која започна доцна синоќа и траеше до раните утрински часови денеска.
Велигденски литургии има во сите храмови на СПЦ, од каде порачаа дека сочувствуваат со нивните браќа и сестри на Косово и Метохија. Патријархот Иринеј се моли Бог да ги заштити луѓето од омраза и злодела, а да ги научи на љубов.
Бугарите во странство, исто така се собраа во храмовите, за да го пречекаат Велигден. Во Чикаго, каде е една од најголемите бугарски заедници, верниците се собраа за одбележување на овој голем празник.
Илјадници христијани се собраа во Ерусалим за церемонијата антички оган, која го слави воскресението на Исус и датира од пред повеќе од 1000 години.
Велиденската атмсофера е присутна во Романија, Украина, Египет и други земји ширум светот.



