Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО СО ДЕЦЕНИИ: Камен од 100 килограми падна од Ѕидот на плачот

(ФОТО+ВИДЕО) ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО СО ДЕЦЕНИИ: Камен од 100 килограми падна од Ѕидот на плачот

Во градот Ерусалим денеска властите забранија пристап до дел од „Ѕидот на плачот“, откако од него се одрони камен од 100 килограми.

„Камен тежок 100 килограми падна на плочникот, без да повреди никого“- изјави градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, објаснувајќи ги причините за забраната на пристапот до ова еврејско светилиште.

Каменот се одронил на плочникот каде стојат еврејските верници кои се молат. 

„Ѕидот на плачот“ е последниот преостанат дел од Вториот ерусалимски храм, разурнат од римските сили по задушувањето на Еврејското востание во 70-та година. 

За верниците ова е свесто место, а делот каде падна каменот е заобиколен заради одржување. 


Слично

Поврзани вести