Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Вака сега изгледа нигериското момче кое беше оставено на улица, и посвоено од хуманитарка

(ФОТО) Вака сега изгледа нигериското момче кое беше оставено на улица, и посвоено од хуманитарка

Ања Рингрен Ловен од Данска го спаси и посвои двегодишнот Нигериец откако неговата заедница го отфрли поради верување дека е вештер. Ања поради овој потег доби признание Најинспиративна личност на 2016 година.

Таа неодамна сподели нови фотографии на кои се гледа хуманитарниот работник кој го посвои момчето под ново име „Hope“ (надеж) и здраво буцкасто момче со насмеано лице. Поминаа седмици и трансформацијата е неверојатна. Лекарите направиле се да го спасат момчето кое беше принудено да спие на земја и нечистотија. Сега има свој топол дом, издржувач и љубов.

Ања е хуманитарна работничка од Данска која во февруари годинава го посвои малиот Хоп и поради тоа ги стекна симпатиите и восхитот на луѓето ширум светот. Се најде на листата најинспиративни личности на годината, во изборот на германскиот магазин Ооом, а на листата го помина и папата Фрањо, Барак Обама и Далај Лама.

Фотографијата на која Ања му дава вода на малиот го обиколи цел свет и ја покажала на сите вистинската цел на нејзината хуманитарна работа со сирачињата во Нигерија.

Семејството и заедницата во која Хоп е роден го отфрлила врз основа на застарени суеверија. Тој е напуштен, оставен на улица каде и добил многу болести.

„Иако бил две години, изгледаше како мало бебе кога прв пат го видов. Веднаш помислив на својот син кој е неколку месеци помал од него. Знаев тој момент дека ќе направам се за да го спасам“, се потсетува Ања.

Главниот уредник на Ооом магазинот изјавил за Ања дека таа е најинспиративната личност на годината токму поради тоа што се однесувала како човечко битие и што го препознала страдањето во мало изгладнето дете.

Барак Обама е втор на листата поради напорите во постигнување и одржување на мир, толеранција и слобода и покрај неуспехот на американската влада во Гватенамо, Сирија и Ирак.

Глумицата Чарлиз Терон се наоѓа на трето место, најмногу поради активното учество во борба против ХИВ и СИДА во Јужна Африка.

Четврт е глумецот Леонардо ди Каприо, а неговата позиција е резултат на вклученоста во подигање на свеста за климатските промени и борба против нив, пишува Индепендент.

Слично

Поврзани вести