(ФОТО) УЖАСНА БОЛЕСТ: Во Исламска држава владее зараза која на луѓето им го јаде месото!
Злобната лишманијаза се појавила поради обичајот на џихадистите да ги оставаат мртвите тела на загинатите да се скапуваат на улиците како би ги држеле луѓето во страв.
Подрачјето кое го контролира организацијата ИСИЛ веројатно е пекол на земјата, а сега животот таму стана уште потежок.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MailOnline/status/672697187613196288?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]На населението 24 часа на ден им се заканува смрт од рацете на крвниците терористи, жените се целосно обесправени и воглавно ги продаваат како робинки, а малите деца ги обучуваат да ги колат заробениците.
Меѓутоа, поради праксата на џихадистите да ги оставаат телата да скапуваат на улица, на територијата со која владеат џихадистите се проширила лишманијаза, зла болест која во најлош случај го јаде месото, а крајна последица може да биде смрт.
Во текот на изминатите година дена повеќе од 500 такви случаи забележале курските борци.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ThinkAgain_DOS/status/672525808766992385?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Не знаевме за оваа болест пред војната. На боиштето сме речиси четири години, а оваа болест се појави на подрачјата на Тал Ханис, Хона и Квос, кои се зафатени од војната“, вели еден курдски борец.
Лишманијазата ретко се појавува кај луѓето. Најчесто се јавува во варијанта на кожна болест, па кај заболените се појавуваат чиреви по телото, последица се лузни, понекогаш и инвалидитет. Најтежок облик е органска лишманијаза, позната и како дум-дум грозница. Таа може да биде смртоносна ако не се лекува, го напаѓа црниот дроб и слезината, предизвикува грозница и губење на телесната маса, пренесува Дејли меил.
