Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Уште едно спортско семејство загина во хеликоптерот на Коби

(ФОТО) Уште едно спортско семејство загина во хеликоптерот на Коби

Џон Алтобели, бејзбол тренерот на колеџот Оринџ Коуст, неговата ќерка Алиса и сопругата Кери загинале во хеликоптерот на Коби Брајант кој се урна близу Лос Анџелес, пренесе и „ЛА Тајмс“.

Братот на бејзбол тренерот Алтобели, Тони, потврдил за „СиЕнЕн“ дека тој и неговото семејство се качиле во хеликоптерот кој набрзо се урнал во местото Калабасас.


Џана Марија Брајант и Алиса Алтобели биле соиграчки во Мамба акедемијата и патувале од Оранџ Каунти во Таусанд Оукс како што изјавил помошник тренерот на Оринџ Коуст колеџот Рон Ла Руф за американските медиуми.

-Тоа беше нешто што Џон често го правеше, одеа со хеликоптер на натпревар и ги гледаа своите ќерки, изјавил Ла Руф.


Cbsnews пренесе дека в несреќата загинала и тренерката по кошарка на девојчињата Кристина Мејсер.

Во несреќата загинале вкупно девет лица.

Слично

Поврзани вести