ФОТО: Уште еден земјотрес во Италија, југоисточно од Перуџа
Земјотрес од 5 степени по Рихтер повторно го потресе централниот дел на Италија во средата наутро, соопшти Индипендент, повикувајќи се на податоците на геофизичкиот институт на САД.

Според информациите овојпат потресот бил на само 10 километри длабочина и бил со епицентар на 51,5 километри југоисточно од Перуџа.
Ројтерс пренесува дека ова е умерен земјотрес кој може да предизвика штети.
Ова е четврти појак земјотрес која ја погоди земјата во последниве месеци.

Минатата недела земјотрес со интензитет меѓу 6,1 и 6,6 степени по Рихтер го потресе истиот дел од земјата по трет пат за помалку од три месеци и уништи историски градови и села во Апенините.

Слично
