Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Убиец ќе го мине домашниот притвор во луксузна вила од милион долари

(ФОТО) Убиец ќе го мине домашниот притвор во луксузна вила од милион долари

Параолимпиецот Оскар Писториус, кој е осуден на затворска казна поради убиството на својата девојка Рива Стенкамп, наредните четири години ќе ги мине во домашен притвор, во луксузна вила.

На негово место би сакале да бидат многу затвореници, бидејќи вилата чини повеќе од милион долари.

oskar-pistorius-doasen-pritvor-02 (1)

Станува збор за трикатна вила во богато предградие на Преторија, која има голем двор и базен. Во оваа населба во главно живеат бизнисмени и дипломати.

"Нема многу да пати, зар не?", рекол еден градинар од елитната населба Вотерклуф.

oskar-pistorius-doasen-pritvor-03

Семејството на манекенката Рива Стенкамп, која параолимпиецот ја застрелал во 2013 година е бесно поради одлуката за домашниот притвор.

"Родителите на Рива се чувствуваат како да им е нанесена неправда. Тие не сакаат Писториус да пати, ниту да ја одмаздат својата ќерка, бидејќи се свесни дека неа ништо нема да ја врати. Тие само сакаат правдата да биде задоволена", рекла Тања Коен, адвокатка на брачниот пар.

oskar-pistorius-doasen-pritvor-04

На минатогодишното судење на Оскар Писториус, судијата го отфрлил тврдењето на обвинителот дека параолимпиецот намерно ја застрелал својата девојка. Прифатена била верзијата за случувањата според кои тој истрелал четири куршуми преку затворената врата, мислејќи дека во тоалетот има крадец, па му била одредена казна од 5 години затвор.

Слично

Поврзани вести