(ФОТО) Убиен е вториот човек на ИСИС
„Американците се радуваат поради убиството на Абу Мутаз Ал-Караши и тоа го сметаат за голема победа“, изјави Абу Мохамед Ал-Аднани во аудио снимка која беше поставена на џихадистичките веб страници.
„Јас нема да тагувам за некој, чија единствена желба беше да умре во името на Алах...Тој има издигнато и оставено зад себе херои кои со Божја помош ќе и наштетат на Америка” – додаде тој.
Аднани сепак не кажа како е убиен вториот командант да Исламската Држава.
Меѓутоа, Белата куќа , во соопштението рече дека Караши , чие вистинско име е Фадхил Ахмад ал- Хаjaли, бил убиен во американски воздушен напад во близина на северниот ирачки град Мосул.
Белата куќа го опиша Хајали како член на ИСИС во владејачкиот совет , и "основен координатор за движење на големи количини на оружје, експлозиви , возила и луѓе меѓу Ирак и Сирија ".

