Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЦВРСТО РАКУВАЊЕ: Асад во изненадна посета на Путин … „Да не бевте вие“ …

(ФОТО) ЦВРСТО РАКУВАЊЕ: Асад во изненадна посета на Путин … „Да не бевте вие“ …

Сирискит претседател Башар Асад допатувал во Москва на разговор со рускиот претседател Владимир Путин за заедничка воена кампања против исламистичките милитансти во Сирија, соопшти денес Кремљ.

-Сирискиот претседател Башар ал Асад дојде синоќа во работна посета на Москва и разговараше со рускиот претседател Владимир Путин-рекол за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

682176_putin-asad04reutersfoto-reuters_ff

Башар ал Асад му се заблагодарил на рускиот претседател Путин на движењето на воздушните удари против исламистите во Сирија.

Се верува дека ова било првото патување на Асад во странство од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година. Посетата на Москва следи три недели откако Русија на 30 септември покрена воздушни удари на исламистичките милитанти во Сирија.

 „Пред се, сакам да му се заблагоарам на целото раководство на Руската Федерација на помошта која ја нуди на Сирија“, му рекол Асад на Путин, се наведува во транскриптот кој го објавил Кремљ.

Асад рекол дека „тероризмот би проголтал многу поголемо подрачје и би се проширил на значајно поголема област“ да не биле руските акции и одлуката на раковоството на Путин. Путин го пофалил сирискиот народ поради тоа што му се спротивставил на милитантите „речиси целосно сам“ и додал дека сириската армија остварила значајни успеси во неодамнешните битки. 682174_putin-asad02reutersfoto-reuters_f „Спремни сме да го направиме она што можеме, не само во форма на воена акција против тероризмот во Сирија, туку и во политичкиот процес“, рекол Путин, пренсува Спутник. Рускиот претседател додал дека Русија е загрижена поради тоа што најмалку 4000 луѓе од поранешниот Советски сојуз се борат на страна на терористичките групи во Сирија. Путин и Асад разговарале во четири очи, а тема биле борбата против „терористичките групи и продолжение на руските воздушни удари во Сирија“. „Разговорот траел прилично долго, а прашањата за кое се разговарале се разјаснети“; рекол Песков. Русија покрена операција на воздушни напади против терористи во Сирија на 30 септември на барање на сириските власти.

Слично

Поврзани вести