Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Црната кутија значајно оштетена

(ФОТО) Црната кутија значајно оштетена

Француското биро за истрага и анализа објави фотографии од црната кутија од авионот кој се урна вчера во Француските Алпи.

Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот, а претставниците се надеваат дека црната кутија, иако значајно е оштетена, ќе понуди увид во она што се случило на вчерашниот лет од Барселона за Дизелдорф, пишува Би-Би-Си.

Другата црна кутија, која ги складира податоците за летот, не е пронајдена.

Францускиот министер за внатрешни работи е уверен дека кутијата е употреблива иако е значајно оштетена.

crna kutija erbas A320 - 1.

Потрагата за телата на настраданите е продолжена до зори, но спасувачите тешко доаѓаат до непристапниот терен.

Компанијата „Џерманвингс“ објави список со националностите на жртвите од вчерашната трагедија а босанските медиуми објавија дека меѓу настраданите во авионската несреќа имало и брачен пар со потекло од БиХ.

Леталото дури 18 минути ја губело висината пред ударот во планината, а од пилотите тогаш не стигнал ниеден повик на помош, покажува истрагата.

Француските власти објавија дека комуникацијата со пилотот е прекината во 10.30 кога авионот бил над Медитеранот, после што почнало заедга необично понирање.

„Ербас А320“ на летот 4U 9525 се урнал во 10.48 , откако висината на летање опаѓала секоја минута за околу 600 метри. Терористичкиот напад сепак не е веројатен тврдат официјални лица.

Конечната причина за падот на авионот би можела да се знае за неколку месеци, но уште сега постојат неколку теории за можните причини на падот.

Слично

Поврзани вести