Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Трамп не го можат, ама Меланија ја обожуваат

Фото: Трамп не го можат, ама Меланија ја обожуваат

Додека за американскиот претседател Доналд Трамп се шират се поголем број негативни коментари за хаосот во неговата администрација во САД и недостигот на политички сенс при посетите во странство, најсветла точка сепак е неговата сопруга Меланија Трамп која ги освојува сите симпатии.

Меланија го придружуваше Трамп и во Сицилија каде се одржува економски самит на Г7 земјите, но многу малку се говори за политиките на американскиот претседател кој и самиот не знае што сака да постигне, дали да ги заостри трговските односи и да се закани со моќта на САД или пак, да остане на своите ветувања дека нема да се меша во други држави.

Затоа преостанува медиумите да ги шират шегите на сметка на Трамп, а да ги пренесуваат позитивните впечатоци од секогаш галантната и присебна Меланија Трамп. 

Таа во Сицилија се појави во шарено палто со цветни апликации на Долче и Габана што се продава за 51.000 долари, сите погледи беа вперени кон неа и беше пречекана со многу внимание и почести.


Слично

Поврзани вести