(ФОТО) „ТРАМП Е ОДВРАТЕН”: Слоган против американскиот политичар, испишан на небото на Калифорнија
Неколку авиони денеска на калифорниското небо испишаа слоган против претседателскиот кандидат Доналд Трамп од Републиканската партија во САД.
„Америка е супер, Трамп е одвратен”, „Сите освен Трамп” и „Трамп сака да мрази” се пораките против политичарот, кои денес можеа да се прочитаат на небото во Калифорнија.
Еден од организаторите на ова акција е бизнисмен од Алабама – пренесува Си-Ен-Ен.
Трамп предизвика бурни реакции во светската јавност, откако предложи да им се забрани влез во САД на сите муслимани, поради опасноста од тероризам.
Но, контраверзно е тоа што и покрај ваквата изјава, според последните анкети, Трамп убедливо води пред сите кандидати од Републиканската партија.
Слично

