(ФОТО) ТОП 25 најбогати, најсреќни и најздрави земји во светот
Истражувачкиот институт „Legatum Institute“ со седиште во Лондон го објави својот светски индекс на просперитет - огромна студија која ги подредува најпросперитетните земји во светот.
Еден од факторите на просперитетот е богатството на земјата, но тој воопшто не е единствен. „Legatum Institute“ ги споредува земјите во 104 показатели. Меѓу нив се традиционални индикатори како БДП по глава на жител, бројот на вработените, квалитетот на образованието и здравството, но исто така и нетрадиционални индикатори како бројот на заштитените интернет сервери или квалитетот на живот на пензионерите.
Испитани се 149 држави, за кои има достапни податоци. Во последните 7 години на чело на индексот била Норвешка, но во 2016 година има нов лидер.
Овие земји спаѓаат во Топ 25 најбогати, најсреќни, најздрави ...
25. Португалија
24. Малта
23. Хонгконг
22. Јапонија
21. Шпанија
20. Словенија
19. Сингапур
18. Франција
17. САД
16. Белгија
15. Австрија
14. Исланд
13. Ирска
12. Луксембург
11. Германија
10. Британија

И покрај Брекзит, земјата напредува во индексот на просперитет од минатогодишното 15-то место. Земјата е меѓу најдобрите во бизнис земји во светот.
9. Данска

Скандинавските земји се познати по високиот животен стандард, а Данска е всушност најмалку просперитетна во регионот. Но е меѓу лидерите во светот (5-то место) за безбедност.
8. Шведска

Непосредно пред соседот Данска се реди друга скандинавска земја. Таа е трета во светот по економска средина.
7. Холандија

Земјата е на 2-ро место во светот по квалитет на образованието и добра економска средина.
6. Австралија

Традиционално земјата е меѓу лидерите во квалитет на живот.
5. Канада

Северноамериканската држава е трета во светот по најдобра социјална политика и бизнис средина.
4. Швајцарија

Тешко некој да се зачуди што таа е во врвот на листата. Број еден во светот по критериумот за образование и 3-та во здравството.
3. Финска

Земјата се рангира под број 1 во критериумот за управување.
2. Норвешка

Откако 7 последователни години е лидер во листата, во 2016 година таа отстапува од првото место.
1. Нов Зеланд

