Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Тон чоколадо од фабрика заврши на улица

(ФОТО) Тон чоколадо од фабрика заврши на улица

На улица во градот Вестенен во Западна Германија, течно чоколадо се излеа од локалната фабрика.

Весникот „Зестер анцајгер“ објави дека излевањето се случило поради мал технички дефект на еден склад во фабриката „ДрајМајстер“ и кога чоколадото дошло во допир со студениот асфалт, бргу се стврднало.

„Среќа што ова не се случи поблиску до Божиќ, тоа ќе беше вистинска катастрофа. Вака, ги убедуваме сите дека ќе имаме доволно чоколадо за празниците“, соопшти менаџментот на фабриката.

Пожарникари излегле на терен за да го исчистат чоколадото со лопати. Од фабриката информираа дека набргу повторно ќе продолжат со работа.

фото Ројтерс

Слично

Поврзани вести