Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТИЕ ИМАА СРЕЌА: Преживеале тројца фудбалери, физијатар, стјуардеса и новинар!

(ФОТО) ТИЕ ИМАА СРЕЌА: Преживеале тројца фудбалери, физијатар, стјуардеса и новинар!

Во падот на авионот кој се урна синоќа во Колумбија, кај Меделин, родното место на кралот на кокаинот Пабло Ескобар, од 81 патник и членови на екпажот според последните информации преживеале шест патници.

Досега во болницата Сан Хуан де диос се пренесени шест идентификувани преживеани патници.


Во авионот се наоѓал и бразилскиот фудбалски тим Шапинкоенс. Меѓу преживеаните фудбалери се голманот Маркос Данило, играчот Алан Рушел и Џексон Фолман.


Меѓу преживеаните е и физиотерапевтот на тимот Рафаел Гобато.


Алан Рушел (27) е првиот спасен патник од урнатините на авионот, а во несреќата се здобил со повреди на главата, повеќе скршеници вклучувајќи и кршење на колкот, известија бразилските медиуми.


Алан Рушел, бразилски фудбалер од летово повторно ги брани боиѕе на Шапинкоенс, за кои играл во 2013 година. Меѓу преживеаните е и еден член на екипажот стјуардеса од Богота Химена Суарес. Последниот идентификуван преживеан патник е Рафаел Хензел, бразилски новинар.


Како што пренесе БиБиСи, авионот се урнал во планинското подрачје во околината на Меделин околу 220часот по локално време.


Чартер авионот полетал од Сао Паоло во Брзил околу три часот после пладне, а полсе кратката пауза во градот Санта Круз дела Сиера во Боливија го продолжил патувањето кон Колумбија.

Слично

Поврзани вести