Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ: Двајца луѓе се избодени со нож

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ:  Двајца луѓе се избодени со нож

Двајца луѓе се избодени со нож во близина на поранешните канцеларии на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во Париз. 

Полицијата уапси двајца осомничени за нападот, а едниот од нив е родум од Пакистан.

18-годишник, кој се обидел да избега со метро, ​​бил фатен на блискиот плоштад Бастилја, со траги од крв на лицето. Малку понатаму, уапсен е уште еден човек кој бил виден со него за време на нападот.

Една од жртвите е сериозно повредена, но не е во критична состојба. Тоа се вработени во една производна компанија.

„Бев во канцеларијата. Слушнав вресоци на улица. Погледнав низ прозорецот и видов жена како лежи на земја. Видов друг сосед како лежи и притрчав на помош“, рече очевидец.

Не се знае кој е мотивот за нападот. 

Слично

Поврзани вести